Синди Крафорд во Париз со сопругот и двете деца
Супер моделот Синди Крафорд, нејзините две деца Каја и Присли и нејзиниот сопруг Ренди Гербер беа ѕвезди на настан во Париз, организиран од компанијата за луксузни часовници Omega.
Славното семејство изгледаше модерно и елегантно додека прегрнато позираше пред фоторепортерите.
51-годишниот супермодел буквално блескаше во припиен фустан од Givenchy. Стилскиот избор Синди го надополни со обувки од Stella Luna.
Креацијата која ја носеше Каја доаѓа од модниот бренд Philosophy di Lorenzo Serafini.