14-годишна манекенка почина на писта од истоштеност

14-годишната Русинка Влада Џиба колабирала на писта, на модно шоу во Кина. На патот кон болницата паднала во кома и по два дена починала. Лекарите велат дека причина за смртта е менингитис , предизвикан од истоштеност на организмот.

Таа  последните неколку  дена,  преку телефон ѝ се жалела на мајка ѝ дека е уморна, дека не може повеќе да издржи и дека постојано и се спие. Не смеела да отиде во болница бидејќи се плашела дека ќе ја исфрлат од работа.

Мајката Оксана веднаш побарала виза за да замине во Кина кај ќерката, но кога ја добила, веќе било предоцна.

Манекенката Влада Џиба

 

Девојчето било ангажирано за Шангајската модна недела,  преку руска модна агенција, која сега молчи за случајот.  Договорот го потпишала на три месеци, без здравствено осигурување.   Џиба била регрутирана за модел во својот роден град Перм, на Урал.

 

Голем број руски девојки се повеќе  заминуваат во Кина,  каде настапуваат по модни настани.

 

 

 

На модна писта во Шангај, 14-годишната Влада Џиба
Translate »