Специјален изум започна да ја чисти пластиката во водите на Пацификот
Огромната пловечка направа која ја смислија холандски научници за да го исчистат „островот од смет“ на Пацификот, за прв пат успешно започна да ја чисти пластиката и останатиот смет од океанот.
„Островот“ со отпад во најголемиот океан на светот се проценува дека покрива површина која е дури три пати поголема од територијата на Франција, пренесува британски „Гардијан“.
Авторот на проектот “Ocean Cleanup”, Бојан Слат напиша на Твитер дека пловечкиот уред кој е подолг од 600 метри успешно ја спровел првата акција за чистење на отпадот од Пацификот.
Уредот може да собира отпад од различни големини, од фрлени рибарски мрежи, гуми од возила, па дури и ситни парчиња пластика.