20 симптоми дека сте под стрес
Ова се 20 знаци кои треба да ве предупредат дека сте под стрес.
1.Хроничен умор
Спиете редовно и доволно долго, но постојано чувствувате дека сте многу уморни. Одвај чекате повторно да си легнете во кревет. Тоа е чест симптом на скриен стрес.
2.Тешко будење
Поради изложеност на долготраен стрес , надбубрежната жлезда не може наутро да излачи доволно од хормонот кортизол, кој треба да стимулира создавање енергија.
3.Ноќни кошмари
Позитивни и убави соништа сонуваме тогаш кога спиеме мирно и долго. Меѓутоа, кога сме нервозни и напнати, се будиме почесто и затоа се намалува можноста тешките и лоши соништа да бидат заменети со позитивни и релаксирачки слики.
4.Потреба за солено
Ако постојано чувствувате потреба за солена храна, многу е веројатно дека сте под хроничен стрес, бидејќи тој предизвикува дисбаланс на количината на елекролитите.
5. Вртоглавица
Ако ви се врти во главата , кога станувате од седечка или лежечка положба, тоа исто така може да биде резултат на недостиг на електролити.
6.Непријатен ПМС и нередовни менструации
Кога во телото се излачува вишок хормони на стрес, тоа предизвикува дисбаланс на полните хормони поради што се јавуваат болни симптоми на ПМС и нередовен циклус.
7.Чести настинки
Голем број студии покажуваат дека лицата кои се под долготраен стрес имаат мал број бели крвни зрнца и затоа почесто настинуваат и ги фаќа грип.
8.Паѓање на отпорноста на стрес
Некогаш стресните ситуации сте ги дочекувале подготвени и брзо сте ги решавале проблемите, а сега не знаете од што да почнете. Тоа се случува кога подолг период сте изложени на стресни ситуации, со што нашата толеранција и отпорност на стрес значително се намалува.
9.Недостиг на енергија
Поради хроничен стрес, вашите батерии речиси се празни. Чувствувате потреба од многу кофеин или енергетски пијалоци.
10.Главоболки
Послаби главоболки,но и силни мигрени се јавуваат во текот на викендот кога паѓа нивото на стресот и напнатоста.
11.Акни
Воспалена кожа исто така може да биде знак на стресен начин на живот. Доколку ве мачат акни, кожата треба да ја третирате со препарати кои содржат салицилна киселина или бензоил пероксид.
12.Кожни болести
Чешање, атописки дерматит или себореја се врзани со емоционалната преоптовареност предизвикана од хроничен стрес.
13.Нови алергии
Хормоните на стресот стимулираат лачење на имуноглобулинот Е, протеин во крвта, одговорен за алергиските реакции во организмот.
14.Болки во стомакот
Докажано е дека стресот, нервозата, стравот и анксиозноста предизвикуваат грчеви во абдоменот. Долготрајниот стрес може да го надразни дебелото црево и да предизвика пролив, затвор, грчеви, дуење и гастритис. Стресот е еден од главните причини за синдромот на нервозни црева и фактор-ризик за настанување чир и воспаление на цревата.
15.Брзо дебелеење или слабеење
Стресот може да биде причина на хормонски промени во работата на штитната жлезда која влијае на телесната тежина. Ненадејното дебелеење или слабеење може да биде резултат на деисфункција на штитната жлезда.
16.Киселини
Иако најчесто желудочните киселини се резултат на одредена храна или пијалоци, тие може да бидат и последица на стрес кој исто така предизвикува прекумерно лачење на киселините во желудникот.
17.Анксиозност
Подолга изложеност на стрес може да предизвика напади на паника. Ако овие напади се чести, најдобро е да поразговарате со психотерапевт.
18.Деконцентрираност
Некогаш сте биле педантни, точни, брзи и ефикасни, а сега не можете да се фокусирате на работата и обврските? Тоа ви е од стресот.
19.Зависност
Наместо неколку цигари, почнавте да пушите цела кутија дневно. Притиснати од стресот, многумина утеха бараат во ситните пороци.
20.Слаба меморија
Ви треба време да се сетите на нешто и заборавате каде сте ги ставиле работите. Тешко ви е да ги средите мислите.