Сауна за подобар имунитет на организмот
Луѓето кои често се разболуваат имаат намален имунитет. Истите се трудат да ја подобрат ваквата состојба, преку внесување на храна богата со витамини, или со сирупи и апчиња кои содржат состојки за подобрување на имуниот систем на човековото тело. Но еден од природните начини за подобрување на човековото здравје е финската сауна, како и топлата бања. Бенефитот од користењето на сауна е огромен. Сауната позитивното влијание врз општата состојба на духот и телото. Организмот е подложен на длабинска детоксикација. Помага при намалување на напнатоста и стресот, а ја подобрува и циркулацијата на крвта. За оние кои имаат проблем со спиењето, позитивно влијае на сонот. Медицинските лица ја препорачуваат сауната при повреда или истегнување на мускулите, лигаментите и тетивата, реума, артритис, хронична болка во вратот, грбот и мускулите, се користи и за третирање на зависници од алкохол и дрога.
Редовното, барем 2пати неделно одење во сауна на благи температури (од 45 – 60 степени), при влажност од околу 40%, овозоможува нормализирање на крвниот притисок, дури и без употреба на медикаменти, покажува истражувањето спроведено од страна на Dr. Hans-Joachim Winterfeld од реномираната универзитска болница Charité University во Берлин. Сауната е препорачлива дури и за луѓето со низок крвен притисок, на кои им се подобрува циркулацијата за само неколку недели.
Ви го препорачуваме спа центарот на Park Hotel i Spa http://parkhotel.mk/spa-park/




