Цвеќиња со најубав мирис за вашата градина
Овие цвеќиња ќе ви помогнат покрај боја, да додадете и неодоливи мириси во вашата градина.

Нема ништо поромантично и порелаксирачко од уживањето во прекрасните мириси во вашата градина.
Мирисите на одредени цвеќиња ќе ви останат како убав спомен во годините што доаѓаат и ќе ве навраќаат на среќни места и времиња.
Градината преполна убави мириси е едноставно, но огромно уживање, кое лесно можете да си го дозволите.
11 прекрасни цвеќиња со кои можете да го сторите тоа:
Јоргован
Јоргованот е типичен за нашето поднебје и го има насекаде во бели и виолетови нијанси. Интензивниот мирис на јоргованот во пролет на некој начин ни го навестува летото.
Тој е лесен за одржување, брзо расте, а има мирис што не се заборава.

Сиринга
Со своите прилично мали бели цветови и слаткиот мирис на портокал, ова цвеќе е вистински погодок за во вашата градина.
Тоа е тврда грмушка, која толерира сенка, но внимавајте, може да порасне навистина голема. Кога е расцветана, секој пат кога ќе ѝ се приближите ќе посакате да ја изедете.

Рододендрон
Како дрво или грмушка, на ова растение му е потребно малку место за да се развива. Цвета напролет и во рано лето, но некои видови цветаат дури и наесен.
Прекрасниот мирис ќе ве освои за миг и секогаш ќе ви враќа убави спомени.

Лаванда
Лавандата потсетува на сончевите полиња на југот од Франција. Ова цвеќе е достојно за во градината, а откако цветовите ќе прецветаат, можете да го поткастрите и да го внесете внатре.

Украсен грашок
Лесно за растење, во разни бои и со сладок мирис. Совршено за вашата градина.

Гарденија
Ова бело цвеќе во контраст со привлечното зеленило го прават омилено за одгледување во саксии, големи контејнери, а е погодно и за внатре во домовите. Гардениите имаат мирис кој нема да го заборавите и кој ќе ве потсетува на лето.

Ирис
Ирисот се користи за правење на парфеми. Тој е разновиден, разнобоен и магичен.
Во сите облици и големини ќе ги исполни сите ваши желби.

Анамска рака
Уште едно растение што доаѓа во најразлични облици, големини и бои. Ставете го покрај оградата и влезот во вашиот дом ќе изгледа величествено.
Никотиана (тутун)
Доколку имате простор надвор каде вечерате летно време, ова цвеќе засадете го во саксии и ставете го таму.
Нивниот силен мирис, особено нагласен во текот на ноќта, ќе даде атмосфера на долгите вечерни седенки.

Јасмин
Егзотичниот мирис на јасминот ретко кој не го обожава.

Флокс
Oва е пролетно и летно прекрасно цвеќе со светли бои и одличен мирис. Доаѓа во сите бои, а некои видови цветаат и во есен.


