КАРАНТИН НЕМА ДА ИМА, МОЖНО Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ МАСКИ НА ОТВОРЕНО
Состојбата полека се стабилизира, односно повторно е вратена на 10 отсто заразени од вкупниот број направени тестови од Ковид 19 во земјава, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
-Поради ова засега нема потреба од воведување на карантин, особено на на целата територија на државата или воведување на некакви дополнителни рестриктивни мерки, вели Филипче.
Тој воедно изјави дека простор за паника нема, а доколку има некакви мерки, тоа би биле некакви благи рестриктивни мерки во општините и регионите каде би имало зголемување на бројот.
-Тоа би било ограничување на бројот на луѓе на јавниот превоз, целосна забрана јавните собирања, евентуално маските и на отворено – се ќе биде врз основа на податоците кои што може да ги извлечеме од случаите, влеи Филипче.