„Нѐ измасакрираа“ – објавено видео од платеник кој го моли Бог за помош по борбите во Нагорно Карабах
На социјалните мрежи почна да кружи видео од наводен сириски платеник во Азербејџан, како зборува за гранатирањето на Ерменците.
На снимката се гледа човек во маскирна униформа на азербејџанската армија како се моли на Бога на арапски за да му помогне и вели дека биле измасакрирани.https://platform.twitter.com/embed/index.html?dnt=false&embedId=twitter-widget-0&frame=false&hideCard=false&hideThread=false&id=1312345769555496961&lang=en&origin=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F355522%2Fn-izmasakriraa-objaveno-video-od-platenik-koj-go-moli-bog-za-pomos-po-borbite-vo-nagorno-karabah&theme=light&widgetsVersion=ed20a2b%3A1601588405575&width=550px
Сè уште не е потврдено дека човекот навистина е сириски платеник.
Елизабет Чурков, студентка од Принстон и активист за човекови права која го истражува Блискиот исток, особено Сирија, покрај видеото пишува дека успеала да контактира со роднина на „сирискиот платеник“, за кој вели дека е 23-годишниот Мустафа Канти од град во западниот дел на провинцијата Алепо, кој беше окупиран од сирискиот режим за време на последната офанзива на Идлиб оваа година.
„Тој беше регрутиран од Дивизијата Хамза, фракција поддржана од Турција, да оди во Либија“, рече Чурков на Твитер.
Таа тврди дека Мустафа е поранешен бунтовник од редовите на бригадата „Лива ал-Таухид“, коj се бори против режимот од својата 14-та година и дека подоцна се приклучил на „Фронтот Левант“.
„Тие не испраќаат борци во Азербејџан и тој беше регрутиран од медијатор од дивизијата Хамза. Овие луѓе земаат дел од платите на борците“, рече Чурков, додавајќи дека семејството на Мустафа е раселено и сега живее во „Атариб“ во „екстремна сиромаштија“.