БОГОЕВ: ЗАРЕМ КАРИЕРАТА НА ЕДЕН ЧОВЕК Е ПОБИТНА ОД ЗДРАВЈЕТО НА СИТЕ
„Секој има право на протест, но на овие бројки на заболени, протестот на ВМРО – ДПМНЕ е темпирана бомба и загрозување на јавното здравје. Зарем кариерата на еден човек е побитна од здравјето на сите “, пишува градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев на својот Фејсбук профил, по повод денешниот пртест на ВМРО-ДПМНЕ.
„Однесувајте се одговорно, барем тоа го должиме на докторите, медицинскиот персонал, наставниците, персоналот во градинките, полицајците…“, додава Богоев.
Со паролата „Доле мафија, правда сега”, вечерва ВМРО – ДПМНЕ, го одржа новиот протест како што велат тие, против неправдите, реваншизмот и политичкото насилство’. Маршот предводен од претседалот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски, почна од Министерството за правда и заврши пред објектот на Јавното обвинителство на РСМ од каде беа упатени пораки до власта.
Мицкоски во обраќањето на протестот рече дека четири години гледат само неправда, а нај добар доказ за ова, како што рече, е тоа дека за четири години ниту еден министер, ниту еден директор уште не одоговарал за злоупотреба или криминал. Тој го критикуваше Обвинителството дека „не постапува во случај кога во државата се затвора банка од 200 милиони евра, односно за тоа дека со панамски пари во Тетово, се купува земјиште“.