Ријана е егзотична убавица во моден едиторијал за јунското издание на „Вог“.
Музичката ѕвезда позираше во креации од Долче и Габана, Шанел, Мајкл Корс, Алберта Ферети и Пако Рабан пред фотографското дуо Мерт и Маркус.
Во интервјуто за модната библија, 30-годишната пејачка зборуваше за својата фигура, самодовербата, врската со Дрејк, идната улога на мајка и Барбадос.
Во изминативе месеци Ријана добиваше многу коментари за нејзината тежина и таа со хумор им возвраќаше на оние кои ја исмејуваа. „Мораш да се смееш на своја сметка, искрено. Јас знам кога се чувствувам дебела и кога сум ослабела. Ги прифаќам сите тела. Не сум градена како девојка на Victoria’s Secret и сепак се чувствувам прекрасно и самоуверено во мојата долна облека.“
За односите со Дрејк, таа сподели: „Немаме пријателство сега, но не сме ниту непријатели. Што е тука е.“
Иако официјално нема потврдено дека е во врска со саудискиот бизнисмен Хасан Џамел , папараците ја разоткрија нивната романса. „Порано се чувствував виновна да си земам време лично за себе, но мислам претходно немав сретнато некој кој вреди“ – изјавила таа, потврдувајќи дека е во врска, без да го споменува името на нејзиниот партнер.
На прашањето каква мајка ќе биде во иднина, таа одговори: „Нема да можам да го тргнам погледот од моето дете. Веќе го знам тоа за себе. Ќе мораат да ме принудат да земам бебиситерка.“
За својот роден Барбадос таа вели: „Буквално израснав во рај. Луѓето штедат цел живот за да одат на одмор таму и лесно е да го земаш здраво за готово.“