Спасовски: Граѓаните да ја преземат апликацијата „Стоп корона”
Премиерот Оливер Спасовски преку својот фејсбук профил повика граѓаните да ја преземат апликацијата „Стоп корона” која евидентира дали биле во непосредна близина со заболен од ковид-19. Преземи ја апликацијата од stop.koronavirus.gov.mk и активирај Bluetooth. Кога вашиот телефон ќе се најде во непосредна близина со телефонот на лице заболено од ковид-19 кое исто така ја активирало апликацијата, оваа информација со ваша дозвола се евидентира во здравствениот систем, пишува Спасовски на Фејсбук.
Како што наведува премиерот, „Стоп корона” е мобилна апликација на Министерството за здравство, која откако граѓаните ќе ја симнат во својот мобилен, евидентира дали биле во непосредна близина на лице заболено од ковид-19 во изминатите 14 дена.
Заштити се себе и твоите најблиски. Помогни – заедно да го стопираме ширењето на коронавирусот. Од нас зависи!, пишува на својот Фејсбук профил премиерот Оливер Спасовски.