„ЕКОНОМИСТ“: НЕВООБИЧАЕНА ПРЕГРАТКА НА СРБИЈА, КОСОВО И ИЗРАЕЛ
Британскиот неделник „Економист“ пишува за „необичната прегратка на Србија, Косово и Израел“, со потпишувањето документи за „економска нормализација“ во Вашингтон минатата недела.
Весникот наведува дека ретко се случува двете „најпроблематични области во светот – Балканот од една страна, и Израел и Палестина од друга страна, да се испреплетат на мирен начин“.
„Но, на 4 септември, претседателот Доналд Трамп телефонски го повика својот пријател Бенјамин Нетанјаху за да му каже дека ги убедил водачите на Србија и Косово – некогаш делови на истата земја, а сега смртни непријатели, срдечно да го прегрнат Израел.
„Економист“ пишува дека „двете балкански земји, не грижејќи се за политиката на Европската унија, на чие членство се надеваат, ќе го признаат Ерусалим за главен град на Израел“.
„Нејасно е како Трамп ги убедил тие две балкански земји да го сторат тоа“, пишува неделникот, бидејќи, како што наведува, „нивните лидери биле во Белата куќа да потпишат економски договор постигнат од САД, предизвикувајќи болка на Европската унија, која се обидув одделно овие непријатели да ги убеди да постигнат заеднички договор“.