Груевски останува почесен претседател на партијата
По завршувањето синоќа на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, портпаролот на партијата Александар Николовски информираше дека меѓу исклучените од партијата е екс шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков.
Николовски рече дека „во моментов за почесниот претседател нема никакви сознанија дека учествувал во таа работа“, со што тој останува во партијата.