Жан Митрев се оградува од обвинетиот терорист: Филан Митрев не е мој син

Македонскиот кардиохирург се огласи по повод гласините дека обвинетиот член на ИСИС, Филан Митрев, е негов син, демантирајќи ги овие наводи.

Во Франкфурт на почетокот на септември започнал судскиот процес против 25-годишниот Германец со македонско потекло, Филан Митрев.

Тој е обвинет за подготовка на напад против државата, кршење на законот за воено оружје и телесни повреди, пишува “Дојче Веле на македонски јазик”.

Во акцијата биле приведени двајца Турци (едниот 21-годишен, другиот 22-годишен), како и 24-годишниот Митрев, кој сега е првообвинет. Во обвинителниот акт се вели дека Филан Митрев е обвинет за сериозен чин на насилство.

Кардиохирургот, се огласи по повод гласините дека обвинетиот член на ИСИС, Филан Митрев, е негов син.

„Тој не е мојот син“, рекол Жан Митрев за А1 он, по објавувувањето на информациите дека 25-годишниот Филан Митрев лани во ноември бил уапсен за планирање терористички напад врз клучни објекти низ Германија. Митрев додал и дека обвинетиот терорист случајно има исто презиме со него, пишува A1 он.

Translate »