Се заразила со коронавирус на домашна забава, сега открива како сфатила дека е заразена
Американката Елизабет Шнајдер се заразила со коронавирус на една домашна забава, а за “CNN” одлучила да ја сподели својата приказна за да ги предупреди другите дека мора да бидат внимателни.
“Верувам дека се заразив на домашна забава. Таа забава се одржа во саботата на 22-ри февруари. Три дена подоцна започнав да се чувствувам лошо, уморно, чувствував болки во телото, имав главоболка и чувствував грозница. Мислев дека само сум уморна бидејќи бев излезена за време на викендот. Заспав, а кога се разбудив имав температура малку повисока од 38 Целзиусови степени. До вечерта се покачи на 39,5”, раскажала Елизабет.
“I didn’t think too much of it. I thought maybe I was just a little tired,” says Elizabeth Schnedier, who tested positive for coronavirus.
“I went and took a nap. When I woke up I had a 101 degree fever, and by the time I went to bed it had soared to 103,” she tells @ErinBurnett.381:01 AM – Mar 13, 2020Twitter Ads info and privacy25 people are talking about this
Вели дека тогаш не ѝ паднало напамет дека може да станува збор за коронавирус бидејќи ги немала симптомите за кои најмногу се зборува:
“Не кашлав, немав никакви респираторни проблеми, не чувствував проблеми во градите ниту пак имав краток здив”, објаснила Елизабет.
Од десетина луѓе кои биле на забавата, сите се разболеле токму истиот ден и некаде во исто време, објаснила таа и додала дека тогаш сфатила дека станува збор за нешто посериозно, односно за коронавирус.
Шнајдер вели дека болеста траела помеѓу 10 до 16 дена и дека некои имале и малку поинакви симптоми како дигестивни проблеми и мачнини.
Американката тврди дека голем проблем е тоа што тестирањето не е достапно до голем број луѓе поради што многумина сметаат дека нивните симптоми укажуваат на настинка или некоја друга болест.
“Се надевам дека мојата приказна ќе му помогне на некој да не се разболи или ќе поттикне повеќе луѓе да се тестираат пред уште повеќе да се разболат или да заразат други”, заклучила Шнајдер на својот Фејсбук профил каде исто така ја споделила својата приказна.