Од ова се плашеа сите: Три деца починаа во Њујорк, Ковид-19 сепак е опасен за најмладата популација?

Три деца во Њујорк починаа од редок синдром на воспалување на респираторниот тракт за кој што се верува дека е поврзан со новиот вид коронавирус, изјавил вчера гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо, што би можело да укажува на ризик од пандемијата за децата.

Гувернерот изјавил дека болеста досега одзела животи на најмалку три деца ширум државата. Не се изнесени деталите за нивната возраст или пак околностите за нивната смрт, пренесуваат од „Ројтерс“.

Синдромот ги дели симптомите со токсичниот шок и Кавасакиевата болест, кожен осип, отекување на жлездата, а во потешки случаи воспаление на артеријата на срцето.

Научниците сè уште се обидуваат да утврдат дали тој синдром е поврзан со новиот вид коронавирус затоа што не сите деца кои што развиле таков синдром биле позитивни на Ковид-19.

Куомо, сепак вели дека загриженоста е тоа што синдромот претставува новонастанат ризик за децата, за кои претходно се мислеше дека во голема мера се имуни на Ковид-19, респираторната болест која ја развива коронавирусот.

Инаку, Њујорк е епицентар на пандемијата во САД, пренесуваат од „Ројтес

Translate »