Виталиа со голема донација на здрава храна – 4 тони производи донирани на „Црвен Крст Македонија”
Македонската производна компанија за здрава храна „Виталиа” уште еднаш ја потврди својата практика на општествено одговорно однесување, овојпат ставајќи акцент на поддршката и грижата за ранливите заедници, со значајна донација на 4 тони храна на „Црвен Крст Македонија”.
Црвениот Крст на Македонија, оваа храна ќе ја распредели на семејствата и поединците на кои им е најпотребна. Од „Црвен Крст” велат дека се повеќе се задоволни од донацијата со која ќе бидат обезбедени повеќе од десетици илјади оброци, но и директно ќе биде покрената свесноста за полињата во кои една компанија може да биде хумана.“
Со ова „Виталиа” има за цел ги поттикне и останатите компании на општествена одговорност која води кон промени не само во свеста на граѓанинот, туку и на квалитетот на животот на оние за кои сите заедно сме должни да се грижиме.
„Благодарни сме што успехот на нашата компанија ни овозможува да дејствуваме во насоки на подобрување на квалитетот на животот на целото општество, и ваквите донации се од посебно значење за нас. Навистина се грижиме здравата храна која ја произведуваме и во која веруваме, да биде достапна за сите, дури и за оние кои за жал немаат можност секојдневно да ја купуваат. 4 тони не се воопшто малку, но нашата цел е секоја година постепено да ја зголемуваме количината на донирана храна и се надеваме дека нашиот пример ќе ги инспирира и останатите во државата да го дадат својот придонес. Сепак сме држава која произведува квалитетна храна, и верувам дека кога ќе се разбудиме и сфатиме дека сите сме заедно под ова небо, ќе можеме да направиме значајни промени и да им помогнеме на оние на кои најмногу им е потребно”, изјави Искра Ветаџокоска Муцунска – менаџер и косопственик на „Виталиа”.