Консумирајте ја во големи количини, краставицата докажано влијае на слабеењето
Од дамнешни времиња, краставицата е позната по своите предности. Kраставицата се состои од вода и важни нутритиенти кои имаат есенцијално значење по организмот на луѓето. Краставицата освен што е богата со витамините А и Ц, содржи и силициум кој ги зајакнува сврзните ткива.
Краставицата потекнува од Индија, а пред 5000 години ја користеле древните народи од подножјето на Хималаите. Освен што е добрa за вашето здравје, овој зеленчук го поттикнува и топењето на килограмите.
Исто така, краставицата содржи мал број на калории и има ниска енергетска вредност и е одличен избор доколку сте на диета со контролиран внес на калории.
Исто така, додатокот на витамините и минералите кои се наоѓаат во овој зеленчук ќе ги нахрани вашите клетки што значи дека ќе имате поголема контрола над желбата за храна. Со самото тоа ќе се спречи прејадување и ќе се намали желбата за слатки.
Една третина краставица (околу 100 грама) содржи само 16 калории. Тоа е логично бидејќи овој зеленчук суштински се состои од вода, а нутриционистите велат дека сокот од краставица може да биде од голема корист во процес на слабеењето. Водата исто така го забрзува метаболизмот, а консумацијата на краставица ќе има исто дејство.