Груевски го предводеше конвојот во своето старо “Пунто”

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, со својот 20 години стар автомобил „Фиат Пунто“ го предводи протестниот конвој од автомобили во знак на поддршка на притворените.

ВМРО-ДПМНЕ попладнево во знак на поддршка на притворените за настаните од 27 април, со почеток 18:30 часот пред спортската сала „Јане Сандански“  организира протестен конвој од автомобили, кој се движeше по следната делница: Спортска сала Јане Сандански,  Железничка станица , Зграда на Црвен крст, Рекорд, Бул. Св. Климент Охридски, Бул. Патизански одреди ,Рузвелтова ,Бул. Илинден, Влада на Република Македонија ,Основен суд Скопје 1 – Скопје.

 

 Сител.мк
Translate »