Исказ на нападнатата полицајка во Jавното обвинителство
Полицајката Јасмина Јаначковска која беше нападната од партискиот функционер на ДУИ, Бекир Асани, во Јавното обвинителство сведоќеше за иницдентот…Службеничката дојде во Обвинителството попладнево, но на излегување не беше расположена да даде изјава.
Во обвинителството беше и директорот на бирото за јавна безбедност Лазе Велковски, но и тој пред телевизиските екипи не сакаше да ја каже причината зошто бил повикан во јавното обвинителство. Од обвинителството за ТВ24 вчера потврдија дека постапуваат по случајот, сепак, од таму нема потврда кога функционерот на ДУИ Бекир Асани ќе биде повикан во обвинителството.
„Таква информација не можеме да споделиме во јавноста. По предметот постапува надлежен јавен обвинител кој веќе издаде барања и наредби за прибирање на податоци и документација, во насока на утврдување на фактите во предметот.“
Асани денеска остана недостапен на нашите повици и на пораките дали бил повикан од обвинителството да даде исказ за инцидентот. Од СЈО вчера потврдија дека и тие водат постапка во која е опфатен Асани, за една од бомбите во која со партискиот лидер Али Ахмети разговара за легализација на дивоградба. Освен тоа сеуште нема судска разврска за нападот на Тодор Петров, од страна на како што тврди Петров, Бекир Асани.