Две брачни двојки загинале во сообраќајна несреќа кај Ресен
Четири лица загинале во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна попладнево во непосредна близина на ресенското село Крушје, помеѓу две патнички возила со битолски регистерски таблици и едно патничко возило со охридски регистерски таблици.
Од СВР Битола информираа дека животот го загубиле сопружниците М.Р. (65) и М.Р. (67) од Битола кои биле во „Мерцедесот“ и брачна двојка од село Трновци, Могила кои биле во „Аудито“, Ц.С. (53) и Д.С. (59). Во овие две возила немало други патници.
Неофицијално, во третото возило „БМВ“ со охридски ознаки нема повредени лица.
Истрагата треба да покаже кои се причините за сообраќајната несреќа.