Пронајдена е подморницата со која Хитлер избегал во Јужна Америка
Исчезнатата германска подморница, со која, како што веруваат заговорниците на теориите на заговор, Адолф Хитлер пребегал во Јужна Америка по Вотората светска војна пронајдена е по 73 години во близина на данскиот брег.
U-3523 ѝ припаѓа на класата XXI, a е една од првите подморници дизајнирани за продолжен престој под вода. Нејзиниот досег ѝ овозможувал непрекинато пловење до Јужна Америка.
Ја потопил британскиот бомбардер B-24 Oслободител на 6 мај 1945 година, истиот ден кога сојузниците ја ослободиле Данска од нацистичка окупација. Загинале сите 58 членови на екипажот.
Сепак, неможноста да се најде, во последните неколку децении ги поттикна теоретичарите на заговор да размислуваат дека му послужила на Хитлер како превозно средство за багство во Америка.
Истражувачите наведуваат дека нема докази дека во подморницата имало нацистички водач.
U-3523 е пронајдена недалеку од Скаген, најсеверниот дански град, 15 км подалку од позицијата која ја означил британскиот бомбардер.
Во моментот кога била потопена, подморницата се движела кон Норвешка. Закопана е до половина во морското дно, на длабочина од 123 метри.