Коронавирус: Моделот Јужна Кореја функционира

Јужна Кореја беше една од првите земји, по Кина, каде избувна епидемија на коронавирусот. На почетокот на март земјата бележеше по 500 новоинфицирани, а во последниве денови нивниот број е едноцифрен.

Јужна Кореја денеска пријави само два нови случаи на заразени со коронавирусот, а епидемијата во земјата продолжи да се успорува.Според податоците кои денеска ги објави Корејскиот центар за контрола и превенција на болести во земјата со вирусот се заразени 10.806, а 255 лица починаа. Центарот наведува дека двата нови случаи се откриени за време на проверката на аеродромите и оти нема нови локални преноси на болеста во градовите и во помалите места во земјата.

Во над 1.100 случаи се работи за лица кои дошле од странство, а и нивниот број опадна минатите недели откако власти ги зголемија граничните контроли со воведување, на пример, на задолжителен двонеделен карантин за сите патници кои доаѓаат од странство.

  • Bride and groom display affection wearing facemasks(picture-alliance/AP/Ahn Young-joon)ЉУБОВ ВО ВРЕМЕ НА КОРОНАВИРУСЉубовта не прекинуваСреќна невеста и среќен зет ја слават својата романтична свадбена масовна церемонија во Гачиеонг, град во северниот дел од Јужна Кореја. Свадбата се одржа на 7 февруари, пред во земјата да бидат откриени масовни случаи на коронавирусот.

Јужна Кореја беше една од првите земји, по Кина, каде избувна епидемија на коронавирусот. На почетокот на март земјата бележеше по 500 новоинфицирани, а во последниве денови нивниот број е едноцифрен. Покрај денешните два, вчера здравствените власти пријавија само 3 нови случаи на заразени. Нејзиниот модел за справување со вирусот е пример на кој укажуваат многу експерти.

Земјата ја доведе пандемијата под контрола со сеопфатни тестови и детално следење на ланците на инфекција, меѓу другото и со апликација на мобилните телефони. Мотото на борбата против коронавирусот гласи «test, track and trace» односно  „тестирај, трагај и следи“.  

Corona | Sport in Südkorea (picture-alliance/dpa/YNA)

Со падот на бројот на новозаразени јужнокорејските власти ги ублажија упатствата за социјално дистанцирање и се подготвуваат повторно да ги отворат училиштата. Јужнокорејската професионална безбол лига вчера ја започна новата сезона без публика.Јужнокорејскиот премиер Чунг Сје-кјун за време на денешниот состанок посветен на вирусот повика на засилено внимание и им даде инструкции на претставниците да се подготват за можен втор бран инфекции. Тој рече дека клучно е спречувањето на оптоварување на болниците во густо населената област Сеул.

Translate »