ХОЛАНДИЈА: НАУЧНИЦИ ОТКРИЛЕ АНТИТЕЛО КОЕ СПРЕЧУВА КОРОНАВИРУСОТ ДА ГИ ИНФИЦИРА ЧОВЕЧКИТЕ КЛЕТКИ

Тим холандски научници откриле антитела што спречуваат вирусот Ковид-19 да влезе во човечките клетки, што, сепак, може да доведе до развој на лекот, пренесе магазинот „Science daily“.

Научниците од Утрехт во Холандија откриле моноклонско антитело. Ова откритие е големо зошто е утврдено дека во контролирани лабораториски услови наведеното антитело спречува новиот коронавирус да ги зарази човечките клетки.

Наодите, објавени денес на сајтот „Nature Communaications“, претставуваат првичен чекор кон развојот на целосно човечко антитело за лекување или спречување на Ковид – 19.

Според коавторот за истражувањето, Беренд Јан Бос, неутрализирачкото антитело има потенцијал да ја запре инфекцијата кај заразеното лице, да помогне во „чистење“ на вирусот или да го заштити неинфицираното лице изложено на вирусот.

Експертите главно се сложуваат дека новиот коронавирус нема да може да се контролира додека не се добие лек или вакцина. Најоптимистични засега се прогнозите на научниците во Оксфорд кои се надеваат дека новата вакцина ќе стигне на пазарот до септември поради многу добрите резултати од тестирањето на луѓето кои засега ја добија.

Антителото што се користи во ова истражување е целосно човечко, дозволувајќи лекот забрзано да се развива и да се намалат потенцијалните несакани ефекти поврзани со имунитетот. Разликата меѓу целосно човечко антитело и другите антитела е во тоа што другите антитела први се развиваат во другите видови, пред да се „хуманизираат“ за да можат да бидат пренесени на луѓето.

Досега, според податоците на „Worldometers“, во светот има 3.620.522 случаи на коронавирус, починаа 250.789 лица, а се опоравија 1.178.989 луѓе

Translate »