ЕУ донираше 18 автомобили и 300 компјутери за Министерството за земјоделство

Осуманесет возила „дачија“ и 300 компјутери во вкупна вредност од 1,4 милиони евра доби денеска Министерството за земјоделство од Европската унија.


Четиринаесет од возилата се наменети за Платежната агенција, а четири за Министерството, додека компјутерите се за администрацијата.

Како што изјави министерот Љупчо Николовски кој ја прими донацијата, со опремата треба да се зајакнат капацитетите во насока на обезбедување побрзи, поефикасни и побезбедни услуги.
– Министерството за земјоделство прво од цела Влада ја добива оваа модерна ИТ опрема која треба да им го олесни работењето на вработените и да овозможи побрзи услуги, рече Николовски.
Според Никола Бертолини од Делегацијата на ЕУ во Скопје, оваа мала поддршка ќе направи секторот да биде многу поефикасен и е дел од претстојната помош во останатите сегменти како наводнување, фитосанитарна заштита, ветеринарни контроли,…

Директорот на Платежната агенција Николче Бабовски напомена дека возилата се неопходни за спроведување на контролата на терен, а индиректно ќе помогне за подоброо искористување на ИПАРД средствата. – Ова е само еден од првите придонеси за Агенцијата кои овозможуваат подигнување на нејзиниот технички потенцијал. Контролите не затајуваа ни досега, но располагавме со стар возен парк, рече Бабовски.

Translate »