Македонски Телеком прославува 5 години од апликацијата TelekomMK со недела полна подароци
Апликацијата TelekomMK слави пет години успешна работа и повеќе од 340 000 задоволни корисници. Создадена за дигитално корисничко искуство и дополнителна вредност, апликацијата во текот на годините се дополнуваше и се збогатуваше со нови функционалности, од кои особено значајна е програмата Magenta Moments, којашто за само една година стекнанад 213 000 корисници.
„Искуството на корисниците за нас е најважно. А дигиталното корисничко искуство станува главен приоритет за телекомуникациските компании секаде низ светот. Токму тоа го овозможува апликацијатаTelekomMK: брз и едноставен дигитален пристап до сите услуги, информации и понуди, но отвора и нов свет на поволности. Ќе продолжиме да ја надградуваме TelekomMK за да станува уште подобра,а неделава славиме заедно со нашите корисници со многу награди и подароци“ – изјави Емилија Андоновска, Главен комерцијален директор за приватни корисници во Македонски Телеком.
Недела на награди за корисниците
Во текот на оваа роденденска недела, од 16 до 20 септември, сите корисници добиваат интернет без дополнителен надомест што се активира преку Magenta Moments за само 5 срца.
Меѓу вредните награди што ќе се доделуваат неделава се и TPhone, Samsung TV, Vienna Bike, TPhone Pro, Xiaomi електричен тротинет и TTablet.
Покрај наградите, има и дополнителни попусти на смартфони, како што се: Xiaomi 12, OnePlus 9, TPhone 5G, Honor 90 Lite 5G. Попустите достигнуваат и до 10 000 денари.
Како дополнителен стимул, на петте најактивни корисници на апликацијата ќе им бидат доделени телефони T PhonePro.
Роденденските активности и наградите ќе можат да се видат на Telekom MK app.
Повеќе информации на: www.telekom.mk