Убави и младолики како Шарлиз Терон
Јужноафриканската актерка Шарлиз Терон постојано привлекува внимание поради својот младешки изглед и негуваната кожа на која ѝ посветува посебно внимание.
Тоа, се чини, е една причина поради која Терон, на самиот залез од петтото десетлетие од својот живот, едноставно импресионира со своите модни комбинации на облека што ја истакнуваат нејзината фигура, пишува „Harper’s Bazaar“. Следат 4 причини за тоа.
1. СПФ цела година
Без разлика дали е лето или зима, Шарлиз секогаш користи заштитен СПФ-фактор за лицето. Медицинската заштита ја штити кожата од појава на брчки и хиперпигментациски дамки. Здрава, блескава кожа не е само резултат на квалитетно негување, туку и нејзина заштита од штетните надворешни влијанија како што се сончевите зраци.
2. Длабока хидратација
Со сува кожа, поголема е веројатноста за појава на брчки. Затоа, Шарлиз советува хранење на кожата на лицето секој ден. Особено корисни се витамините, во таа смисла.
3. Ноќна нега
Доколку се нема време за утринска рутина со неколку различни производи за нега на кожата, тогаш треба да ѝ се посветите пред одење во кревет. Во тој случај, наутро е доволно само чистeње на лицето и нанесување заштитен фактор, но навечер следат сите други „ритуали“ пред спиење. “Коктел” од витамини и овошни киселини е нешто што најмногу и годи на кожата. Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќен пилинг!
4. Здрава храна и многу вода
Советот тука гласи: Редовна и урамнотежена исхрана и најмалку два литра вода дневно. Дури и со најскапите козметички производи и препарати, кожата, според наводите, нема да изгледа негувано ако се јаде мрсна, пржена или преработена храна.