Невена Георгиевска: Редно време е наместо приврзоци на градоначалникот советниците да работат во интерес на граѓаните!

Градоначалниците се фаворизираат како да се фараони, ама ни буџет, ни ДУПови, ни програми не можат да донесат самостојно!

Редно време е нештата да се постават на вистински нозе и наместо советничките листи да бидат привезоци на градоначалникот и така да се гласаат, како две во едно, да ги видиме советниците поединечно, кои се, за што се залагаат, што направиле за своите сограѓани до тогаш. Само на овој начин ќе имаме вистински промени на локално ниво. Кога одговорноста ќе ја пренесеме и кај советниците кои ги изгласале сите битни одлуки кои ни делуваат директно врз секојдневниот живот.

Погледнете го видеото со носителот на листа за советници од граѓанската иницијатива “Независни за Карпош-За заштита на Карпош”,  Nevena Georgievska, која е и што направила до сега за Карпош, за карпошани и зошто треба да биде дел од  во Советот на општина Карпош.👇

Translate »