Е тоа ти е кога ќе се заљубиш на интернет!
Се запознале на интернет, на страница за брак, и за неколку месеци се вљубиле. Тој Британец, а таа Украинка.
40-годишниот Колин Ор, толку се загреал што на својата нова интернет пријателка Олга Марченко од Луганск , ѝ пратил 1 600 фунти, за да дојде во Единбург, да се се видат, и да го закажат бракот.
Дента кога отишол да ја пречека на аеродром доживеал разочарување. Олга не се појавила, а тој сфатил дека е измамен . Случајот го пријавил во полиција, во одделот за сајбер-криминал.
Во допишувањето преку интернет Олга се преставувала како вдовица со едно дете.