Додека јавувал во живо, зад него прошетала гола девојка: За работите да бидат полоши, не е неговата партнерка
Вклучувањето на шпанскиот новинар Алфонсо Мерлос во една емисија стана хит на социјалните мрежи, но не поради неговото мислење за коронавирусот туку поради тоа што во директната програма во живо, зад неговиот грб прошетала гола девојка.
Мерлос, инаку се јавил како гостин новинар во емисијата “State of Alarm” која ја води Хавиер Негре, кога девојката прошетала зад неговиот грб. Josep Maria Sempere@kr3at0r
Esto es una auténtica maravilla: Javier Negre hace un Skype y acaba mostrando en directo la infidelidad de Alfonso Merlos. Primera vez que destapa algo de verdad, aunque sea involuntariamente xd
6,953Twitter Ads info and privacy3,036 people are talking about this
За работите да бидат полоши, не станува збор за неговата девојка Марта Лопез со која е во врска една година. Во прашање е друга девојка – Алексија Ривас, новинарка на емисијата “Socialite”.
“Добро сум и не сакам да давам никакви изјави по тоа прашање. Многу работи кои се кажани не се вистина”, рекол накратко Алфонсо на прашањето која е девојката.
Инаку, Мерлос е новинар, манекен и славна личност во Шпанија, а тамошните медиуми се занимаваат со љубовниот триаголник во кој се нашол. Неговата девојка Лопез вели дека е срамота тоа што го направил.