Џафери не го прима писмото на Мицковски, не било добро адресирано

ВМРО-ДПМНЕ со писмо побара од  Талат Џафери лидерот Христијан Мицкоски да се обрати во Собранието на седницата на која се расправа за уставните измени, но собранискиот спикер вели дека не го примил писмото затоа што било адресирано до господинот Талат Џафери, а не до Претседателот на Собранието.

Од Собранието ни потврдија дека стигнало писмото до архивата, но собраниските служби го вратиле назад, од причината што ја наведе Џафери.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев, цитирајќи го Деловникот, побара од Џафери Мицкоски да се обрати пред пратениците.

„Господине Џафери, бидете на висината на задачата, во овие кризни моменти дозволете да се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Деловникот тоа го предвидува. Писмото е испратено до вас“, му рече Данев на Џафери.

Џафери кажа дека Деловникот не дозволува Мицкоски да се обрати пред пратениците.

„Да му пуштите писмо на господинот Талат Џафери од Форино. Јас немам добиено тука писмо. Тука сум со адреса претседател на Собранието Талат Џафери. Јас имам волја, но тука не се работи за тоа, туку Деловникот не дозволува Мицкоски да се обрати. Тој не е пратеник, а ВМРО-ДПМНЕ не е орган за да можам да ги поканам да зборува во Собранието“, му реплицираше Џафери на Данев .СДК

Translate »