Мицкоски: Нокаутот ќе дојде од граѓаните, на оваа власт ќе и се случи народ
Македонија го живее своето најцрно време, замислете порано секоја година се натпреварувавме на листата на дуинг бизнис, сега веќе одиме надоле, и имаме пад во рангирањето, во Македонија не се отвараат фабрики, бизнисот трпи, а гледаме единствено пресметка меѓу олигарсите за фаќање на место под криминалниот чадор на власта – вели во интервју за курир претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Нокаутот ќе дојде од граѓаните, на оваа власт ќе и се случи народ. Едноставно е, имаме тотален хаос и неработа во секое поле. забревтана машина која е пред зарибување, нема никакви резултати ниту напредок во било која сфера. – вели Мицкоски во интервјуто. Според него, Груевски е невин и случајот против него е монтиран.