Буџетот ќе тежи 3,7 милијарди евра, повисоки плати за лекарите и образованието
Министерството за финансии предложи Буџетот за идната година да биде 3,7 милијарди евра, а буџетскиот дефицит да изнесува 288 милиони евра. Инвестициите ќе изнесуваат 418 милиони евра.
Планирани се повисоки плати за лекарите од 10 отсо, беше речено на денешната јавна расправа во Министерството за финансии.
Вработените во образованието и во градинките, предвидено е да земаат повисоки плати од 5 отсо.
Очекувањата се дека стапката на инфлација ќе биде ниска и стабилна, а е проектирана на 2 отсто. Во наредната година се очекува раст на номиналната нето-плата за 4,5 отсто.
Стапката на невработеност, се очекува да се намали на околу 20 отсто.