Јордан Камчев бил приведен без судски налог, одбраната бара јавна седница и негово ослободување

Јордан Камчев бил приведен од СЈО без судски налог и донесен и распрашан во судот во време додека СЈО се уште вршело претрес во неговите компании. Ова е еден од аргументите на неговата одбрана наведена во жалбата, во која укажуваат на повреди во процедурата, која истражната судијка иако била должна, не ги констатирала во решението, каде што задолжително се цени постапката на аппсење и времето на изведуцање пред судија на претходна постапка.

Сведок од судски извори дознава дека жалбата на решението за притвор била поднесена нешто по полноќ во саботата во судот, во рокот од 24 часа по определување на притворот, утрово било заведено и распоредено кај Кривичен совет кој треба да одлучува по истото.

Адвокатите бараат тоа да биде на јавна седница, за да ги образложат нивните аргументи.

Според судски извори, во жалбата се напаѓа решението на судијата на претходна постапка поради погрешно утврдена фактичка состојба и затоа се бара од Кривичниот совет да закаже седница на која ќе ги повика адвокатите кои ќе ги изнесат своите аргументи и пред тројца судии и бараат да се преиначи решението и да се пушти Камчев од притвор.

Адвокатите, според наводите во жалбата ја спореле надлежноста на СЈО и кај судијата на претходна постапка, која не дала образложение за тоа во решението. Според одбраната на Јордан Камчев, СЈО има мандат да поднесува обвиненија и да истражува за период од 2008-2015 па бараат од Кривичниот совет да образложи од кои докази ја влече својата надлежност од 2002-2013 период за кој обвинува, а без притоа да презентира „бомби“ како докази. .

Одбраната навела дека судијата на претходна постапка не можела да донесе решение за притвор на камчев без да ги има кај себе сите докази на кои СЈО ги заснова неговите сомневања и барања за притвор.

Во решението, судот навел само докази, но не и кои докази и кои кривични дела произлегуваат од тоа, бидејќи додека траел распитот на Камчев, кој почнал нешто по 19.30, а е донесен во 18 часот во судот, во просториите на Орка Холдинг претресот со одземање на документација завршил во 21 часот.

Од таму, ни СЈО, ни судот ни осомничените не знаеле какви докази се одземени. Не биле наведени ни кривичните дела во решението, а за основите за бегство не биле земени во вид имотната состојба во Македонија, Бугарија и Руската федерација каде што Камчев имал бизниси.

Адвокатите на Камчев навеле дека „осомничениот во ниту еден момент не бил лишен од слобода според одредбите на ЗКП, но соработувал и на претресот и во судот, а бил донесен со кола на полицијата“.

СЈО навело дека патувал 80 пати надвор од Македонија, и тоа било основ дека може да се даде во бегство, а занемарил дека има деловни бизниси со партнерот Аџибадем од Турција каде што одел на деловни состаноци. Адвокатите навеле и дека во групацијата на ОРКА работат и околу 3.000 вработени за кои се плаќале 14 милиони евра за плати придонеси и даноци, па од таму нема опасност за бегство.

Согласно ЗКП, само лице лишено од слобода може да биде изведено пред судија на претходна постапка. За камчев немало налог за апсење, ниту покана за распит, а судијата на претходна кој е должен да ја цени законитоста на приведувањето и да констатира дали на законит начин е лишено од слобода и изведено пред суд, воопшто не се изјаснил за тоа во решението, а навела само дека постои опасност од бегство и влијание на сведоци бидејќи на дел од планираните сведоци им бил работодавач.

Во новата истрага на СЈО во петокот беа притворени 5 лица, во случајот „Империја“. Распитот заврши во 1 часот по полноч во петокот, а во 2 часот јавната обвинителка од СЈО Катица Јанева дојде да ги подигне решенијата. Обвинител во предметот е Лиле Стефанова, која можеше да се чуе во ходникот „дека е моќна, моќта е кај неа“ и затоа бара притвор и за дела од 2002 година иако претресот не е завршен и не знае какви документи се одземени. Судија на претходна постапка е Весна Димишкова.

 

prezemeno od svedok.mk

Translate »