На скопска Гинекологија мајка земала погрешно бебе
На скопска Гинекологија пред три настанала збрка кога мајка земала погрешно бебе, објави Фокус. За овој настан денеска од Гинекологија велат дека мајката кажала погрешно бројче.
„Побарано е бројчето на мајката, таа интерпретирала различен број што таа го има на раката и тогаш е направен увид дека станува збор за различни бројчиња. Со оглед на тоа што компатибилноста на бројчето и документите на бебето кое што во моментот било подготвувано е идентичен нема понатаму причина зошто да се направи грешка многу поголема од онаа која што можела да биде“- рече Драгана Букилица од Клиника за гинекологија и акушерство.
Таа додава дека за вакви случаи постои точно утврдена процедура по која ќе постапат.