Воведен карантин во Мелбурн, премиерот: Не можеме да го сузбиеме вирусот без силни мерки

После рекордно зголемување на бројот на заразени со корона вирусот, австралиската држава Викторија повторно ќе воведе карантински мерки во Мелбурн и уште една друга област, потврди премиерот Даниел Ендрус.
Мерките за карантин ќе важат од утревечер и ќе бидат на сила шест недели.
На граѓаните нема да им биде дозволено да ги напуштат своите домови, освен ако не одат на работа, да купуваат намирници, на лекар или да вежбаат. Тие исто така се покануваат да не патуваат во други боравишта, како што се викендички, туку да останат на адресите каде што се регистрирани.
Во Викторија, во последните 24 .часа, вирусот корона е потврден кај уште 191 лица од 199, колку што се регистрирани низ цела Австралија.

Ова е најголем број заразени лица во оваа земја за еден ден од почетокот на пандемијата, по претходниот рекорд од 127.
Од почетокот на пандемијата во Австралија, потврдени се 8.755 случаи на инфекција со коронавирус, како резултат на што починаа 106 лица.

Translate »