Перица Вичишки- моќта на нашите брендови како и посветеноста на вработените во „Атлантик Група“, ни помогна ефикасно да ја надминеме оваа криза!

  1. Изминатите неколку месеци беа исклучително тешки како за бизнисите, така и за потенцијалните потрошувачи. Каков ефект имаше пандемијата над „Атлантик Група“ – Скопје?

Во текот на вонредната состојба Атлантик Група продолжи со редовно производство, бидејќи нашата основна дејност првенствено е поврзана со храна и пијалоци, како и со дистрибуција на наши сопствени и принципални производи (прехранбени и хигиенски производи). Инаку, Атлантик Група спроведува протоколи според највисоките стандарди за заштита и безбедност на храната, како во производството, така и во процесите на дистрибуција и логистика, а во услови на епидемија беа воведени и дополнителни строги мерки и специјални протоколи за заштита на здравјето на сите вработени и на нашите партнери, според препораките на здравствените организации и домашните министерства. Навремено беше обезбедена заштитна опрема (маски, ракавици и одела онаму каде што беа потребни) која се применуваше според јасно дефинираните упатства за употреба, а беше обезбедена и почеста дезинфекција на сите простории и погони. Освен превентивната работа од дома, вработениве имаа можност да се определат да ги чуваат нивните деца на возраст до 12 години. Исто така, беше воведено и платено вонредно отсуство за вработените кои не можеа да ја извршуваат својата работа, како и стимулација од 15% на платата за оние вработени кои продолжија со редовна работа на производните и дистрибутивните локации. Иако во поголемиот дел од тромесечјето работата на „Атлантик Група“ се одвиваше вообичаено и непречено, прогласувањето на глобална пандемија од COVID 19 и воведувањето на рестриктивни мерки на сите клучни пазари со цел превенција на ширење на вирусот, почна да влијае на работата на компанијата во втората половина од месец март. Негативното влијание се почувствува првенствено преку неможноста за продажба преку HoReCa каналот поради затворањето на хотелите, рестораните и кафулињата, и во одредена мера и на продажбата на производи наменети за консумација надвор од домот т.н. импулсивни производи. Овие негативни влијание истовремено беа анулирани од зголемената побарувачката предизвикатана од креирањето залихи во домаќинствата, првенствено на брендот Argeta, но и на Grand кафе, дел од слатката и солената програма на Štark, Cedevita за домашна консумација и производите за одржување на лична хигиена и чистота.

  1. И покрај отежнатите услови за работа, вашата компанија доби многу позитивни критики од јавноста поради добрата организација и грижата за вработените во текот на изминатиот период. Како успеавте да ги совладате предизвиците во вакви непредвидени околности и колку вработените придонесоа кон остварување на зададените цели?

    Кога се работи за прилагодување на работата во ситуација кога се’ беше една голема мистерија, имавме предизвик ефикасно да се прилагодиме, навремено да ги разгледаме ризиците и соодветно да реагираме. Благодарение на добрата организација и спроведување на одлуките донесени од Кризниот штаб на „Atlantic Grupa“, а на основа на регулаторните и епидемиолошките критериуми на секој регионски пазар, компанијата проактивно ја приспособи својата работа како во производството и логистичко-дистрибутивните операции, така и преку овозможување на вработените да работат од дома. Со правовремени одлуки успеавме да го совладаме можеби најголемиот предизвик досега – внатре во нашиот систем да го зачуваме чувството на безбедност и грижа, да го заштитиме нашето здраве, да ја приспособиме работата на компанијата во краток период и да ги обезбедиме потрошувачите со нашите производи. Исклучително сум горд што во текот на вонредната состојба, покрај условите кои не’ ограничуваа, успеавме да обезбедиме редовно снабдување на пазарот, но пред се’ го зачувавме здравјето на нашите вработени, кои во новонастанатите околности покажаа завидно ниво на енергија и силен дух на заедништво на сите пазари на кои сме застапени. Верувам дека токму моќта на нашите брендови и стабилната финансиска позиција, како и посветеноста на вработените во „Atlantic“, која во оваа ситуација посебно дојде до израз, ќе ни помогне да ја надминеме оваа криза со минимални негативни последици.
  1. Како долгогодишен генерален директор на „Атлантик Група“ – Скопје, имавте можност да ја надгледувате работата на компанијата и да видите како брендовите кои ги работите продолжија да бидат првиот избор на потрошувачите. Како успевате да ја задржите предноста во однос на конкуренцијата?

За мене, рецептот е многу едноставен – брендовите постојат поради нивните потрошувачи и тоа не би требало да се менува ниту во оваа ситуација. Работната филозофија на „Atlantic Grupa“ налага дека и понатаму се вложува во клучните брендови, не само со желба да се следат потрошувачките навики и трендови, туку и тие да бидат диктирани со нашата иновативност. Клучно е и брендовите да се усогласат со новонастанатите околности, да пронајдат начин за комуникација со своите потрошувачи и да им бидат постојано достапни. Ситуацијата која ја предизвика пандемијата беше голем тест за сите нас, но пред се’ ни потврди колку можни брендови и тимови имаме во нашата компанија. Во овие неизвесни времиња потрошувачите бараа сигурност во брендовите на кои им веруваат, така што лојалноста кон нашите реномирани брендови всушност забележа пораст во последниот период. Во овие вонредни околности нашите тимови се осигураа дека потрошувачите можат редовно да се снабдат со нашите брендови и главниот фокус беше тие да бидат достапни и блиски. Покрај тоа, важен сегмент е и продолжувањето на комуникацијата со потрошувачите која влева доверба дека брендот е доволно стабилен да реагира адекватно дури и во нестабилни околности. Според мене, треба на потрошувачите да им се даде до знаење дека сме тука за нив, дека можат да се „потпрат“ на нас, дека во тоаа смисла никогаш не се сами. Како општествено одговорна компанија, „Atlantic“ се приклучи во заедничката борба против новиот коронавирус на сите регионални пазари на кои оперира, и донираше 3,7 милиони евра како помош за здравствените установи, како и на локалните кризни штабови и институции кои ги координираат активностите за отстранување на заразата и заштита на населението. Покрај донацијата на парични средства, одговоривме на сите поголеми акции на локалните заедници во кои работиме, како би обезбедиле производи за пакетите за прва помош на најзагрозените категории граѓани.

  1. Голема корпорација како „Атлантик Група“ сигурно има разновиден и огромен број на потрошувачи со различни потреби – некогаш во зависност од индивидуалната преференца, а почесто во зависност од пазарот на кој компанијата ги пласира своите производи. Постои ли разлика помеѓу просечниот македонски потрошувач и просечниот глобален потрошувач?

Факт е дека животниот стил и навиките на потрошувачите во регионот постојатно се менуваат, ритамот на живот се забрзува и зајакнувањето на „on the go“ консумација е одговор на новото темпо на живот на нашите потрошувачи. Затоа можностите за приспособување на работата круцијална за понатамошната работа, особено во новонастанатите околности и поради тоа важно е да ја разбереме улогата која нашите брендови ја имаат во животите на луѓето. Сакаме да бидеме во чекор со времето и актуелните трендови, но свесни сме и за традицијата, која со себе носи доверба и лојалност.

  1. Како компанија, „Атлантик Група“ отсекогаш била транспарентна пред своите потрошувачи, а ништо различно не беше и оваа година, во која постојано го известувате пазарот за вашите резултати во изминатите квартали. Не може, а да не се забележи значителниот успех остварен во последниот квартал, што укажува на успешна и одржлива стратегија. Како „Атлантик Група“ успева постојано да ги надмине очекувањата?

Со оглед на тоа што „Atlantic Grupa“ влезе во 2020 година со одлични деловни резултати, тоа нам ни даде сила и во првиот квартал да оствариме значаен органски раст, со повеќе од 12% раст на вкупниот приход од продажба во однос на истиот период минатата година. Дистрибутивното подрачје Македонија забележа значаен раст во сите категории, а најмногу се истакнуваат Argeta во сегментот на деликатесни намази, Grand кафе во сегментот кафе и Smoki во категоријата флипс. Кај принципалските брендови најголем раст остварија Ferrero и Hipp, како и новите принципали Beiersdorf и Ficosota. Во доба на криза и економска нестабилност, солидарноста, довербата и емпатијата се клучни вредности. Поради тоа лидерите, како и компаниите, треба да бидат одговорни и да пружат поддршка на нивните вработени, потрошувачите, а во крајна линија и на заедницата во која работат. Добрата информираност и охрабрувањето на луѓето да ги разберат и прифатат новите начини на работа во период на криза го зајакнуваат единството  го намалуваат стравот од неизвесноста, што е толку многу значајно за вработените да реагираат одговорно за компанијата да го зачува одржливиот работен процес. Важно е да се концентрираме на периодот низ кој сите ние проаѓаме во моментов, за успешно да продолжиме да се приспособуваме на оваа нова реалност. Посветеноста на сите нас е фокусирана кон стимулирање на растот и развојот на компанијата, што е всушност еден од клучните елементи за нашето заедништво и нашиот успех.

  1. Периодот кој полека го оставаме ги натера претприемачите, малите и големите бизниси, па и корпорациите, да размислуваат различно во иднина со цел да спречат идно „лошо изненадување“. Кои се плановите на „Атлантик Група“ за периодот кој следува? Дали потрошувачите треба да очекуваат промени?

Моменталните околности ги гледаме како можност за дополнително да ги зајакнеме односите со нашите партнери и релевантните стејкхолдери и да се приспособиме на новите барања на пазарите и потрошувачите. Светот се’ уште целосно не се избори со новиот коронавирус и неговите последици и сите ние уште учиме да живееме во околностите кои ги носи таквата ситуација. Така што, ние ќе продолжиме да ги приспособуваме нашите цели, но зачувувањето на лидерската позиција на пазарот за нашите брендови ширум регионот и понатаму останува приоритет. Плановите се, повторувам, да одржиме континуитет на вложување во нашите основни брендови и на потрошувачите да им понудиме иновативни производи со врвен квалитет, кој се навикнаа да го очекуваат од нас. Освен тоа, фокусирани сме и на понатамошен развој на дистрибуцијата како важна алатка за раст на нашето деловно работење и на евентуалните нови спојувања и преземања. Најважно од се’ е да продолжиме да бидеме дел од секојдневието на нашите потрошувачи, да ги изненадуваме со нови производи и автентични вкусови преку максимална дигитализација на сите работни процеси како значаен елемент за нашиот понатамошен развој, што се покажа како круцијална алка во вонредната ситуација. И за крај, посветеноста на секој еден од нас, насочена кон стимулирање на растот и развојот на компанијата е еден од клучните елементи на нашиот успех.

Translate »