Албанија не сака бегалски кампови на своја територија
– Албанија никогаш нема да прифати такви бегалски кампови на ЕУ, па макар и од ЕУ да добие во замена членство, изјави премиерот Еди Рама во интервју за германски „Билд”.
Рама додава во интервјуто дека државата сака да даде свој дел за решавање на тој европски проблем, но, не може да го направи тоа сама.
– Претворањето на Албанија во некаква камена брана за мигранти, кои сакаат да влезат во држави од ЕУ, би било опасно решение, додаде тој.
Албанската опозиција го обвинува Рама дека , пред две недели , на состанокот со австрискиот премиер Курц, самиот волонтирал за прифаќање на бегалците во неговата земја.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц и претседателот на ЕП, Антонио Тајани предложија да се сместат бегалци во балканските држави. Темата за мигрантите ќе биде во фокусот на средбата на врвот на ЕУ во Брисел на 28 и 29 јуни.