Еди Рама: Добиена е тешка битка, војната продолжува!

 

– По 72 часа пловење меѓу внатрешните бранови на ЕУ, Албанија успеа да добие датум за влез во пристаништето на обединета Европа. Резултатите од нашите реформи ги натераа и скептиците да ги препознаат заслугите на Албанија и на Македонија, напиша на фејсбук и твитер , албанскиот премиер Еди Рама, поздравувајќи ја одлуката  на министрите за надворешни работи на ЕУ на состанокот во Луксембург  за отворање на преговорите со  Албанија и Македонија во јуни 2019 година.

– Добиена е тешка битка, војната продолжува,   заклучи Рама.

И шефот на албанската дипломатија, Бушати оцени   дека ова е голем ден за неговата земја, но и за иднината на Европската унија.

 

Translate »