Полицијата и пазарната инспекција ‘расутрија’ свадба со 200 гости во Арачиново
Вечерва околу 21:30ч. полициски службеници и пазарната инспекција прекинале свадба во угостителски објект во с.Арачиново, пренесува „Канал 5“.
Во угостителскиот објект биле затекнати околу 200 лица, а полицијата сè уште е на местото на настанот.
Ова не е прва свадба која ја прекина полицијата. Неодамна имаше заедничка акција на пазарниот инспекторат и полицијата на свадба во Глумово, каде што имало над 300 гости. Газдите на ресторанот заработија пријави, а гостите ќе платат и казни.