Ладна ги објави победниците од осмиот детски ликовен конкурс
Ладна го затвори својот 8. детски ликовен конкурс со прогласување на победниците. Темата на конкурсот за оваа година беше „Моето чисто маало“, а малите уметници добија задача да нацртаат како ја замислуваат нивната околина чиста, во сиот нејзин сјај.
Натпреварувачкиот дел беше поделен во две категории: 1) деца на возраст од 4-7 години; и 2) деца на возраст од 7-10 години. Темата се чини дека беше интересна за младите уметници, бидејќи на веб страницата на Ладна беа закачени огромен број дела – секое уникатно и убаво на свој начин.
Како победнички цртежи од двете категории тричленото стручно жири составено од двајца графички дизајнери и еден универзитетски професор, беа одбрани цртежите на:
Категорија деца од 4-7 години
1 место – Стефан Секулоски, 5 години, Прилеп (прво место)
2 место – Дафина Митаноска, 4 години, Охрид (второ место)
3 место – Неда Здравковска, 6 години, Скопје (трето место)
Категорија деца од 7-10 години
1 место – Калина Коколанска, 8 години, Скопје (прво место)
2 место – Анастасија Стојановска, 9 години, Скопје (второ место)
3 место – Камелија Каракашев, 7 години, Скопје (трето место)
Во секоја од категориите беа доделени по три награди:
Прво место: Паричен надомест во еквивалентен износ за предвиденото тридневно патување во Дизниленд, Париз, со родителите или старателите на детето (120.000,00 денари)
Второ место: Паричен надомест во еквивалентен износ за предвидениот годишен курс за цртање (20.000,00 денари)
Трето место: Таблет за цртање
Традиционалниот конкурс на Ладна има за цел да ги поттикне најмалите глави малите уметници да размислуваат креативно, но и уште од рана возраст да развијат еколошка свест, која во иднина ќе се претвори во грижа за околината и за природата. Целата галерија од пријавени дела може да ја погледнете на линкот: http://ladna.com.mk/ArtCompetitions.