Пролетна прошетка во Виена

Пролетта е годишно време кога сакаме да патуваме и да откриваме нови дестинации. Европските метрополи секогаш се атрактивни и пленат со спој на стара архитектура која сведочи за богатата вековна историја и нови модерни градби, интересни места за да се испие кафе во урбан простор и да се ужива. Виена е одличен избор за пролетна прошетка, а преку инспиративни фотографии ќе направиме прошетка во градот на Моцарт, класичната музика, виенскиот валцер…

Виена- град кој дефинитивно е исполнет со интересни места и содржини кои можат да те вивнат во бајките,но од друга страна цврсто да те стават на земја каде ќе уживаш во природата, безбројните паркови, зајдисонцето на Дунав или пак кафе и парче Захер торта во една од најстарите слаткарници во градот.

Еве некои од местата и активностите кои еден млад човек може да ги прави во Виена

  1. Дунавскиот остров: место кое нуди забавни прошетки покрај Дунав, восхитувачки погледи, плажа во лето, одлични стази за трчање и многу повеќе. Пејзажот кои ќе го видите во живо, а и на вашите фотографии дефинитивно ќе ве остави без здив.Одлично место за пикник, дружба со пријателите во лето до доцните ноќни часови и уживање.
  • Градскиот парк- чекорејќи низ моцартовите улички, уживајќи во зеленилото и цвеќињата каде  Штраус ја пишувал својата музика, градскиот парк е место кое ви нуди парче историја, и прекрасна природа во која виенчаните уживаат секојдневно читајќи книги и медитирајќи.
  • Јапонскиот парк- недопрена природа, мирис на јапонски цреши и дефинитивно еден од најмиризливите паркови во пролет.
  • Куќата на Хундертвасер- бои, бои и само бои! Најсреќното место во Виена! Спектарот на бои кој плени. Место каде може да се испие најинтересното кафе во градот.
  •  Градскиот дворец Шенбрун- долгочасовни прошетки, убаво патување низ историјата на Хабсбурците каде ќе ја почувствувате вистинската виенска магија. Можете да уживате во кралската прошетка во внатрешноста на дворецот, гледајќи ги импресивните кралски простории, каде Сиси ги поминувала своите денови во Виена, а токму Моцарт ги одбележал своите почетоци свирејќи клавир. Испијте шолја виенско кафе со парче од најубавата Захер торта со поглед на градината и градскиот дворец.
  • Вотивната црква – римокатоличка црква близу до универзитетот Виена е една од најзначајните неоготски сакрални градби на светот. Паркот пред самата црква е место каде студентите го јадат својот ручек и го испиваат своето кафе, а во пролет е вистинско богатство за сетилата за мирис и вид.
Translate »