Водата во Скопје нема да поскапи
Водата во Скопје нема да поскапи, градот со домаќинско работење ќе ги сервисира сите потреби на Јавното претпријатие. Ова е одлуката од седницата на Советот. Градоначалникот Шилегов од дневниот ред ја повлече точката што предвидуваше нова, повисока цена. Според него, анализата на финансиската состојба и работењето на Водовод покажале дека одлуката на Регулаторната комисија за енергетика е неоправдана.
Предлог- одлуките за промена на цената се однесуваа на тарифите за снабдување со вода за пиење, за урбани отпадни води и за прочистување отпадни води за периодот од 2018-та до 2020-та година.