Драган Спасов -Дац си поднесе оставка

Министерството за култура денеска ја прими и ја прифати оставката на в.д. директорот на Македонски народен театар, Драган Спасов – Дац.

Спасов поднесе оставка откако синоќа со своето возило удри во девојка, при што  таа беше полесно повредена.

„Сакам да ја известам јавноста дека поради настанот длабоко жалам и воедно искрено и се извинувам на девојката и на нејзиното семејството (името на девојката од нормални причини го изоставувам) за претрпениот страв и стрес и дека во име на чувството на лична одговорност како човек и јавен службеник во нашата земја, свесен за личната вина, давам неотповиклива оставка на функцијата в.д. директор на МНТ“, напиша Дац во денешното обраќање до јавноста.

 

Translate »