МВР не демантираше дека имало обезбедување пред домовите на пратениците

Веста дека по вчершаното палење на автомобилот на пратеничка од СДСМ, било причина да се обезбедуваат пратениците на владеачката партија не ја демантираат од МВР. Според нив вчера имало зголемено полициско обезбедување во неколку реони и неколку  градови во државата, врз основа на безбедносните проценки што ги направило министерството. Од МВР не одговорија конкретно дали имало обезбедување пред домовите на пратениците.

Се шпекулираше дека пред домовите на неколку пратеници од внатрешноста  е стационирана полицијата, а полициските кордони се поставени пред домовите на пратениците поради страв дека незадоволни граѓани ќе протестираат пред нивните куќи.А наводно, голем дел од нив, воопшто не се вратиле во нивните градови.

Пратеникот на НСДП Горан Мисовски кој живее во Скопје вели дека нема информации за ваков настан  Јас живеам во градски ѕид и не сум забележал полиција пред мојата зграда, а ниту некој  ме известил за такво нешто.

 

 

Translate »