Макпрогрес Виница неуморни ги следи трeндовите во индустријата со учество на бизнис настани дома и во регионот

Претставници на Макпрогрес, вработени технолози во компанијата, се претставија на првата конференција наречена Biscuit People, што се одржа во Ровињ, Хрватска, а каде се собраа претставници на водечките компании од бисквит индустријата за да ги истражат и разменат своите знаења, исксутва и иновации.

Претставниците од 60 компании од регионот и пошироко, зборуваа за состојките, пакувањата, начинот на печење и глобалните трендови во индустријата, како и прописите на ЕУ по овие прашања.

Имајќи ги сите врвни експерти во индустријата на едно место, на присутните им беше дадена единствена можност да поставуваат прашања, да дискутираат за тековите во индустријата и да учествуваат во дискусијата на тркалезна маса. Најактивните учесници дури имаа можност да освојат пет публикации обезбедени од спонзорот на конференцијата.

За технолозите од Макпрогрес, оваа интернационално искуство значеше инвестиција во професионалното надоградување, како и размена на ценето искуство со колегите од регионот“ – велат од Макпрогрес.

Макпрогрес Виница годишно посетува 10тина интернационални саеми, професионални конференции и настани, но не го изоставува присуството и поддршката и на македонските настани од инсустријата.

Изминатиот викенд во Скопје се одржа FMCG Summit Скопје 2018  кој веќе четврта година е основен информатор и едукатор во рамките на FMCG-секторот во Македонија и во регионот, каде што се практикува размена на искуства и знаење, инспирација и мотивација за унапредување на работењето, како и остварување и зацврстување на деловните контакти.

“Макпрогрес четврта година по ред е учесник и активен поддржувач на FMCG самитот во Скопје, затоа што силно веруваме во напредок и усовршување на процесите во индустријата на производи за брза потршувачка. Оваа година бевме во друштво на 350 учесници од над 130 компании од земјава, имавме можност да видиме и слушнеме одлични презентации и студии на случај, што секогаш не поттикнува да размислуваме на иновации, дигитализација и унапредување на процесите на работење“ – изјави Глигор Цветанов, извршен директор на Макпрогрес Виница.

Винчини беше спонзор на самитот FMCG и беше претставен новиот бренд на Макпрогрес, Fantasia, а посетителите имаа можност да се уверат во едноставниот начин на подготовка на полуготовите производи, како и да ги вкусат приготвените десерти и закуски. Беа промовирани и локумите на Дониа во торбите како подарок на секој од учесниците.

Translate »