Обединетите нации го демантираат Николовски

Обединетите нации го демантираа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски откако на својот Фејсбук профил објави податоци и тврдеше дека мерките кои се преземаат за бoрба против заразата со корона вирус не се доволно рестриктивни и дека земјава е карактеризирана како земја која нема јасни ограничувања за прием на лица од други држави.

-Мерките не се доволно рестриктивни, тоа не го кажуваме ние, тоа го кажуваат Обединетите нации. Согласно јавно достапните електронски податоци од Обединетите нации кои се собираат преку нивните надлежни агенции, Македонија е карактеризирана во земји кои немаат јасни ограничувања во однос на приемот на лица од други држави. Регионално нашата земја се вбројува во Централна Европа и за споредба со останатите земји кои имаат далеку поголеми рестрикции. Имено според официјалните податоци на Обединетите нации 63 проценти од земјите членки на Европската Унија забрануваат влез на одредени националности, на пример Италијанци не можат да влегуваат во Германија. 26 проценти од европските земји забрануваат влез од други земји и 11 проценти дозволуваат влез само со соодветна медицинска документација. Македонија според ова рангирање не спаѓа во ниту една од овие групи, и спаѓа во други забрани што се многу помалку рестриктивни. Ова е црвен аларм значи дека Македонија спаѓа во други забрани што не се доволно рестриктивни што можеме впрочем и да го видиме. Одлуките за затворање на гранични премини или на аеродромите доаѓаат откако ќе се појават случаи, одликите за рестриктивно движење на одредени групи на категории доаѓаат само и откако ќе се појават одредени случаи што значи дека државата касни најмалку месец дена и е соочува со катастрофата која што ја гледаме а доколку не се преземе по итни мерки уште поголема катастрофа ќе гледаме во следниот период, напиша Николовски на Фејсбук.

Но по неколку часа на фан страница на Обединетите нации излезе со демант и им порача на политичките партии да не го вклучуваат нивното име во политичките дускусии.

-Организацијата на Обединетите нации нема издадено никаква проценка на владини мерки поврзани со пандемијата предизвикана од новиот корона вирус COVID-19. Ги молиме сите политички партии во Северна Македонија да не го вклучуваат името на Обединетите нации во политичките дискусии”, се вели во реакцијата, која е како одговор на неточните тврдења на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

Translate »