Груевски се моли со ‘Молитва” на Фејсбук

Поранешниот премиер, Никола Груевски ,  речиси секојдневно постира нешто на својот ФБ профил најмногу околу неговите судски случаи.

Последниот пост му е предизборниот спот во кој наратор ја чита песната ,,Молитва“ на Блаже Конески, а е илустрирана со снимки од протестите на Шарена револуција.

Постот предизвика бројни коментари на социјалните мрежи. Кометарите се однесуваа  на Груевски, и ВМРО ДПМНЕ, кои во минатото не го признаваа основоположникот на македонската граматика, а според Антонио Милошевски тој беше  ,,Џуџето од Небрегово“

Спотот беше дел од изборната кампања на ВМРО ДПМНЕ во 2016 година, кога Груевски учествуваше на избори последен пат како лидер на партијата.

Молитва – Блаже Конески

Спаси ме Боже, од болните луѓе

што се накажани,
та не се криви,
нивната злоба умерено суди ја,
самите од неа одвај се живи.

Тие се мислат повикани да водат
како Мојсија и другите пророци
а самите не можат да се ослободат
и влечат по себе ситни пороци.

Дај Господе, што помалку очите да
им ги бодам –
штом тие лево ќе фатат,
јас десно да одам.

Translate »