Шокантни фотографии од Италија: Одбојкарките ја освоиле титулата и се фотографирале голи со пехарот, тренерот се бакнувал со една од девојките
Одбојкарките на Имоко од Конељано ја одбранија титулата првак на Италија.
Имоко во финалната серија од плеј-офот, токму како и минатата година, го совлада Новара, но овој пат без изгубен меч – 3:0.
Во третиот дуел од финалето имало драма, но екипата на тренерот Даниеле Сантарели успеала да триумфира по пет сетови (3:2) и ја освоила третата титула во историјата.
Минатата година, полската одбојкарка, инаку капитен на тимот Јоана Волош, го прославила успехот така што се фотографирала гола со пехарот.
Нејзината идеја ја прифатиле и соиграчите, па сите заедно се фотографирале голи со трофејот, а ваквата фотографија без срам ја објавиле на социјалните мрежи.
Но, тоа не било сè – по овогодишното финале, тренерот Сантарели пред сите во салата “жешко” се бакнувал со една од девојките, со која, судејќи по сè, бил во тајна врска.