Информација која дава надеж: Вакцината на Фајзер е 90 отсто ефикасна
Вакцината против коронавирус која ја развиваат Pfizer и BioNTech може да е ефективна повеќе од 90 проценти, објавија двете фармацевтски фирми кои со јавноста споделија привични податоци од нивното тековно испитување.
Прелиминарната анализа, спроведена од независен одбор за следење на податоци, разгледа 94 инфекции разгледувани во трета фаза на вакцината, која беше тестирана на скоро 44.000 луѓе во САД и пет други земји
Од оние учесници кои биле заразени со Ковид-19, во моментов е нејасно колкумина примиле вакцина, а на колку им било дадено плацебо.
Податоците допрва треба да бидат разгледувани, а Фајзер изјави дека почетната стапка на заштита може да се промени до крајот на студијата.
Сепак, откритијата се најперспективните индикации до сега и докажуваат дека вакцината ќе биде ефикасна во спречување на болеста. Ова остава простор дека е најдена алатка пандемијата да биде ставен под контрола.
Овој број се очекува да биде достигнат до почетокот на декември во светло на зголемените стапки на инфекции во САД, соопштија од Фајзер.
Двете компании соопштија дека досега не пронашле сериозни проблеми со безбедноста и очекуваат да побараат одобрение за употреба во итни случаи на САД подоцна овој месец.